Издавање пробни таблици за стари возила

Пробни таблици служат за привремено означување на возила кои уште не се регистрирани, или кои биле регистрирани, но од оправдани причини останале без регистарски таблици.

*Издавање пробни таблици за стари возила

1. Кога возилото е со Скопски регистарски таблици и е продадено на физичко лице или правно лице кое има живеалиште во друго населно место во Р. Македонија.

Во овој случај поднесителот на барањето треба да приложи :

  • Доказ дека возилото е одјавено (сообраќајна дозвола одјавена, вратени регистарски таблици
  • Договор за купопродажба
  • Лична карта или писмено барање доколку сопсвеникот е правно лице,
  • Полиса
  • Технички преглед доколку се работи за возило со помината регистрација
  • Административна такса 50,00 денари

2. Возила кое се купени од странски државјани од наши салони за продажба и истите да се изнесат од државата се издава пробна таблица за која се потребни следните документи :

  • Барање од салон кое го продава возилото
  • Фактура
  • Фотокопија од пасош на оној кој ќе управува со возилото
  • Хомологација
  • Полиса
  • Административна такса 50,00 денари

3. На возилата кои што се увезени, а неможат да се регистрираат во РМ и истите треба да ја напуштат државата, пробната таблица им се издава со приложување на следните документи  :

  • Полиса
  • Број кој странката го добива на шалтерот на МВР
  • Пријавен лист бр. 4 или бр. 8
  • Хомологација
  • Купопродажен договор или фактура
  • Сообраќајна дозвола ( одјавена и вратени таблици )
  • Лична карта на сопственикот односно писмено барање за правно лице
  • Административна такса 50,00 денари