Пробни таблици служат за привремено означување на возила кои уште не се регистрирани, или кои биле регистрирани, но од оправдани причини останале без регистарски таблици.
*Издавање пробни таблици за нови возила .
При издавање на пробни таблици за нови возила подносителот на барањето треба да приложи :
- Фактура со која се докажува сопственоста,
- Полиса за осигурување
- Хомологација
- Лична карта на сопственикот, односно писмено барање доколку сопственикот е правно лице.
- Административна такса 50,00 денари