Пробни таблички

ИЗДАВАЊЕ ПРОБНИ ТАБЛИЦИ ЗА НОВИ И СТАРИ ВОЗИЛА
 

Пробни таблици служат за привремено означување на возила кои уште не се регистрирани, или кои биле регистрирани, но од оправдани причини останале без регистарски таблици.

*Издавање пробни таблици за нови возила .

При издавање на пробни таблици за нови возила подносителот на барањето треба да приложи :

  • Фактура со која се докажува сопственоста,
  • Полиса за осигурување
  • Хомологација
  • Лична карта на сопственикот, односно писмено барање доколку сопственикот е правно лице.
  • Административна такса 50,00 денари

*Издавање пробни таблици за стари возила

1. Кога возилото е со Скопски регистарски таблици и е продадено на физичко лице или правно лице кое има живеалиште во друго населно место во Р. Македонија.

Во овој случај поднесителот на барањето треба да приложи :

  • Доказ дека вопзилото е одјавено (сообраќајна дозвола одјавена, вратени регистарски таблици
  • Договор за купопродажба
  • Лична карта или писмено барање доколку сопсвеникот е правно лице,
  • Полиса
  • Технички преглед доколку се работи за возило со помината регистрација
  • Административна такса 50,00 денари

2. Возила кое се купени од странски државјани од наши салони за продажба и истите да се изнесат од државата се издава пробна таблица за која се потребни следните документи :

  • Барање од салон кое го продава возилото
  • Фактура
  • Фотокопија од пасош на оној кој ќе управува со возилото
  • Хомологација
  • Полиса
  • Административна такса 50,00 денари

3. На возилата кои што се увезени, а неможат да се регистрираат во РМ и истите треба да ја напуштат државата, пробната таблица им се издава со приложување на следните документи  :

  • Полиса
  • Број кој странката го добива на шалтерот на МВР
  • Пријавен лист бр. 4 или бр. 8
  • Хомологација
  • Купопродажен договор или фактура
  • Сообраќајна дозвола ( одјавена и вратени таблици )
  • Лична карта на сопственикот односно писмено барање за правно лице
  • Административна такса 50,00 денари