За Нас

Историјат
Во 1905 година, од Солун кон Македонија тргнал првиот автомобил што се движел по македонските патишта донесен дури од Детроид, марка Форд К. Не требало да помине многу време, па низ многу патишта  во Македонските градови да почне да се слушаат  бучавата и сирените на автомобилите.
По војната во 1945 година нужно се зголемува и бројот на превозни средства. Автомобилската индустрија почнала целосно да влегува во градот, во 1932 година Скопје имало 96 патнички возила, а три година подоцна 124. Повеќето превозни средства наложуваа повеќе возачи, нови автомеханичарски работилници и нови продавници за резервни делови... Но сето тоа требаше и законски да се регулира.
Во почетокот на 1947 година е покрената инцијатива за регистрација на моторните возила. Регулирањето на сообраќајот станал комплексна област која морала  детално законски да се регулира - почнувајќи од исправност на возилата, па до соодветни улици и одговорни учесници во сообраќајот. Така , на 11 декември  1957 година е оформено Здружението на возачи на Град Скопје со цел активно вклучување во процесот на зголемување на превентивата и безбедноста во сообраќајот
Меѓу еден од најважните ангажмани на Здружението се техничките прегледи на возилата. Техничкиот преглед на возилата можел многу да придонесе за јакнење на безбедноста на сообраќајот, бидејќи преку него имало можност да се забележат техничките недостатоци на возилото.
Речиси 20 години, од ослубодувањето па се до 1966 година, техничката контрола се изведувала надвор, во импровизирни услови, односно во две станици кои одговарале на тогашните потреби. Низ нив поминувале сите возила на Скопје на редовен, 80.000 и на вонреден технички, околку 40.000.
Градското здружение на возачите и автомеханичарите технички прегледи на моторни и приклучни возила почнува да прави од 1961 година, а услугите кои произлегуваат од регистрацијата на моторните возила  како и  продолжување на важноста на регистрацијата за целосно задоволување на потребите на граѓаните  од  1965 година. Не е случајно што токму во тој период се јаувува и првата организирана, професионална станица за технички преглед. Таа е формирана во Кисела Вода, во 1966 година, се вика Центар за технички преглед на моторни и приклучни возила, има 3 канала, 10 вработени - четворица контролори и 6 референти. Втората станицата е отворена во населба Ченто во 1974 година, подоцна во 2000 година е отворена и третата станица во населбата Карпош, и за само неколку години подоцна е отворена најновата станица во населбата Даме Груев.
Денес со методи и форми многу пософистицирани од оние во 1957 функционираат Станиците за технички преглед Кисела Вода и Карпош.